Поранешен соиграч на Зидан: Ми кажа дека би прифатил тренерски ангажман на само три адреси

Дерби

01/03/2024

12:53

2.438

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан и натаму е без ангажман и постојано е мета на шпекулации и поврзување со неколку клубови или репрезентации, а негов поранешен соиграч смета дека може да прифати една од само три покани кои доаѓаат предвид.

Томас Гравесен не беше ѕвезда од рангот на Зидан, но остана добар пријател со Французинот од времето кога беа соиграчи во Реал Мадрид, а токму Данецот изјавил дека во еден разговор му биле откриено плановите на Зизу.

– Зборував со Зидан пред две години во Мадрид и тој ми кажа дека би прифатил покана од само три адреси.

– Тоа се Олимпик Марсеј, Реал Мадрид и француската репрезентација. Бевме во Мадрид пред две години и буквално ми го кажа тоа.

– Што се однесува до шпекулациите за негов ангажман во Манчестер Јунајтед, мислам дека тешко би направил нешто со тимот кој го има Ерик тен Хаг. Сепак, историјата покажува дека кога вистински тренер ќе се појави во вистинско време, може да се случат важни промени, – рекол Гравесен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг