Менаџерот на Њукасл за ждрепката во ФА купот: За малку ќе излетав од патот…

Дерби

01/03/2024

12:50

2.259

Големина на фонт

а а а

Њукасл мораше да го обезбеди пласманот во четвртфиналето на ФА купот преку пенали, но менаџерот Еди Хау искрено признал дека бил крајно разочаран од епилогот на ждрепката за следната фаза.

Премиерлигашот се намачи против Блекбурн во осминафиналето, а сега го очекува дуел со Манчестер Сити, кој сезонава брани три трофеи освоени минатата година.

За да биде поинтересно, Њукасл сезонава играше против Сити и во Лига купот, но таму излезе како победник во дуелот со фаворитот.

– Возев кога се извлекуваа паровите и за малку ќе излетав од патот.

– Тоа не беше противник кој го посакувавме, никој не сака да игра против Сити четири пати во иста сезона.

– Сепак, ако размислите трезвено, кој и да сака да го освои ФА купот, веројатно ќе треба да го победи Сити во некоја од завршните фази. Ние ќе мора да се обидеме да го направиме тоа во четвртфиналето, нема да биде лесно, но секако ќе се потрудиме да стигнеме до таков резултат, – рекол Хау.



Спонзорирани линкови

Маркетинг