Смешниот и духовит Зумбул ага беше еден од омилените ликови од турската серија Сулејман Величествениот, која уживаше огромна популарност.
На актерот Селим Бајрактар (48) се сеќаваме со турбан на главата, облечен во средновековна облека, додека контантно шета низ палатата. Неговите гестикулации, движења и изглед придонесоа за маестралната изведба на улогата, која го докажа нивото на неговите актерски вештини.

А во приватниот живот, судејќи по фотографиите на „Инстаграм“, со долга коса и брада, ваквата мажественост тешко можеме да ја поврземе со смешниот Зумбул ага.
Практикува јога, редовен е во теретана, а големо хоби му е параглајдерството.

Кога го нема во спортското издание, носи костуми во разни бои, а сака да експериментира со принтови.
Бајрактар е роден во Киркук, Ирак, во 1975 година во семејство со ирачко туркменско потекло. Уште како дете почнал да настапува на натпревари во гимнастика, а очигледно љубовта кон таа дисциплина донекаде е задржана. За време на последните денови од иранско-ирачката војна, училиштето на Бајрактар регрутирало момчиња за војската. Кога Бајрактар бил избран да служи војска, неговото семејство решило да го испрати во Турција. Започнал да работи во Турскиот државен театар по дипломирањето на Универзитетот Хаџетепе во 2000 година.

Селим минатата година се ожени со својата долгогодишна девојка, девет години помладата актерка Емел Каракосе. Роднините и пријателите присуствувале на свадбената церемонија на познатиот пар, кој се венча во хотел во Анталија.








