Откако „Samsung“ ја „скокотнаа“ имагинацијата со најава за „Galaxy Ring“ во јануари, сега и официјално го покажа во Барселона. Но, „Samsung“ не е единствен кој работи на паметен прстен.
Откако добивме паметни телефони, а потоа и такви со флексибилен екран, паметни часовници и нараквици, изгледа дека следниот чекор во мобилната индустрија ќе биде фокусиран на прстите. Поточно, на прстените.
Иако концептот паметен прстен не е ништо нови и американската компанија „Oura“ со години произведува паметен прстен кој го користат бројни спортисти, но и обични луѓе за следење на своите витални функции, изгледа дека во трката ќе се вклучат и други компании.
„Samsung“ на „MWC“ во Барселона го покажа својот „Galaxy Ring“, кој беше најавен во јануари на нивниот настан „Galaxy Unpacked“. Иако станува збор за прототип, на увид дале што може да се очекува. Така „Galaxy Ring“ доаѓа во 9 големини, со различни капацитети на батерија и во три бои (златна, сребрена и црна). Ќе биде преполн со сензори кои ќе ја следат физичката состојба на корисникот, а дали ќе има дополнителни опции, засега не е познато, како ни кога би можел да се најде во продажба и по која цена. Од „Samsung“ истакнуваат дека сè уште развиваат прототип, па во најдобар случај прстенот би можеле да го видиме во продажба подоцна оваа година.
Се зборува и дека „Apple“ работи на свој паметен прстен, но бидејќи од компанијата не откриваат многу, тешко е да се каже дали тој проект некогаш ќе заживее.
Но, уште една компанија најави развој на прстен. Директорот на „Honor“ Џорџ Жао, во разговор за „CNBC“ во Барселона открил дека таа компанија веќе работи на сопствен паметен прстен. Жао не дал многу детали за самиот прстен, само потврдил дека ќе го следи здравјето на корисникот и за анализа ќе користи апликација со вештачка интелигенција, за да може да го адаптира темпото на тренинг со моменталните потреби на корисникот. Кога би можел овој прсте официјално да се претстави, засега не е познато.