НАСА објави: Американско вселенско летало и руски сателит се многу блиску

Точка

28/02/2024

10:21

17.916

Големина на фонт

а а а

Американското министерство за одбрана го следи блиското минување на вселенското летало на НАСА „Timed“ покрај рускиот сателит „Козмос 2221“, објави НАСА.

Иако се очекува дека леталата ќе се разминат, судир би можел да резултира со големи распарчени делови, навела американската вселенска агенција, додавјаќи дека продолжува следењето на ситуацијата во соработка со министерството за одбрана.


Во соопштението не се наведува колку леталата ќе се приближат едно до друго, но проценката е дека леталата, кои не можат да маневрираат, би требало да бидат најблиску една друга во 7:30 часот на 28-ми февруари на висина од околу 600 километри.


Мисијата „Timed“ го проучува влијанието на Сонцето и луѓето на Земјината мезосфера, пониската термосфера и јоносферата.