Болсонаро: Обвинувањата дека сум се обидел да направам државен удар се лажни

Макфакс

26/02/2024

13:21

769

Големина на фонт

а а а

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека станал жртва на политички терор откако ја напуштил претседателската функција, додавајќи дека обвинувањата против него дека се обидел да изврши државен удар се лажни.

Пред десетици илјади приврзаници на собирот во Сао Паоло, тој побара амнестија за стотиците осудени за напади на згради во кои се сместени јавни институции на почетокот на јануари минатата година, отфрлајќи ги обвиненијата против него како политички мотивирани, јавува Би-Би-Си.

Болсонаро зборуваше и за следните претседателски избори во 2026 година, и покрај тоа што му беше забрането да се кандидира за каква било јавна функција во следните осум години поради.

Полицијата истражува дали Болсонаро поттикнал неуспешен пуч по поразот на изборите во 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг