Путин му го честиташе 70-тиот роденден на Ердоган

Макфакс

26/02/2024

11:48

872

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и му го честитал 70-тиот роденден, соопштија од кабинетот на Ердоган.

„Претседателот Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин. Претседателот на Русија во текот на денот му го честиташе роденденот на претседателот Ердоган. Путин му се заблагодари на нашиот претседател за неговиот придонес во развојот на пријателските турско-руски односи“, се наведува во соопштението за печатот, пренесува ТАСС.

Путин планира да ја посети Турција, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека оваа посета може да се случи дури и пред претседателските избори во Русија на 17 март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг