Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската испостава Гевгелија

Макфакс

26/02/2024

11:15

666

Големина на фонт

а а а

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, извести Царинската управа.

Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.

Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи, додаваат од Царинската управа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг