13-годишно девојче и нејзината мајка пронајдени починати во Виена: Полицијата трага по таткото

Макфакс

26/02/2024

11:12

786

Големина на фонт

а а а

Австриската полиција трага по 53-годишен маж, поради сомнение дека во стан во Виена ги убил сопругата (51) и ќерката (13).

Телата на позната адвокатка и нејзината ќерка биле пронајдени околу 7 часот и 20 минути, откако мајката на убиената повикала полиција, бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката и внуката.

Полицијата веднаш започнала потрага по сопругот на убиената адвокатка, поради сомнение дека е вмешан во делото.

Првите сознанија од истрагата покажуваат дека и мајката и девојчето биле задавени.

Не се знае кој е мотивот на злосторството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг