Се будите со лошо расположение? Далај Лама советува како среќни да го започнете денот

Точка

26/02/2024

10:21

10.033

Големина на фонт

а а а

За време на едно интервју, Далај Лама бил прашан што најмногу го изненадува на овој свет и која е суштината на животот. Неговиот одговор ќе ве натера да застанете и да размислите за патот на кој се наоѓате...

Утрото е дел од денот во кој треба да се исполниме со позитивна енергија, сочувство, љубов, емпатија, среќа... Каков е почетокот на вашето утро, таков ќе ви биде и целиот ден.

Ако сакате да ви се појавуваат можности, да ви се отвораат врати, да бидете успешни, треба да си поставите јасен план наутро и да сфатите што е она што е најважно.


Кога ќе го започнете новиот ден опуштени, радосни и исполнети со нова енергија, тој станува прекрасен момент од животот кој го сфаќате како дар и го прифаќате како благослов.

Како да започнете среќно утро, Далај Лама истакнува дека треба да ги изговорите следните реченици:


„Наутро кога ќе се разбудите, започнете го денот со овие мисли: „Денес сум благодарен - се разбудив. Жив сум, го имам овој човечки живот, и нема да го трошам залудно. Целата моја енергија ја насочувам кон развој, да го отворам моето срце за другите и да напредувам во корист на сите. Ќе имам добри мисли за другите. Нема да се лутам или да мислам лошо за нив. Ќе дадам сè од себе за да им помогнам на другите“.

Преку овие зборови ја зајакнувате емпатијата, духот на заедницата, но вежбате и благодарност што сте тука, што ви се нуди оваа можност. Благодарната личност е среќна личност, онаа која расте - бидете тој извор на добрина и радост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг