Алфонсо Дејвис има договор со Баерн Минхен до 2025 година, но се чини дека веќе има донесено одлука за својата иднина и таа не е поврзана со Бундеслигата.
Германските новинари Флоријан Плетенбург и Кери Хау тврдат дека минатата недела Баерн имал состанок со агентите на Дејвис и впечатокот е дека левиот бек е многу блиску до трансфер во редовите на Реал Мадрид.
Шпанскиот клуб веќе ги има договорено личните услови со Канаѓанецот, а Баерн ќе мора да прави компромис и околу трансфер сумата, бидејќи во спротивно ќе го загуби фудбалерот без отштета една година подоцна.
Баварците се реални за ситуацијата со Дејвис и веќе размислуваат за негова замена, а најсериозен кандидат е Тео Ернандес.
Французинот игра одлични сезони во дресот на Милан и очекувано е атрактивен за ривалите, додека Баерн со неговиот трансфер би ја продолжил традицијата за засилувања на својот тим од Серија А.