[ВИДЕО] Џафери направи увид на патот Кичево-Дебар: Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните

Макфакс

24/02/2024

19:42

5.427

Големина на фонт

а а а

Патот Кичево – Дебар би требало да биде завршен до крајот на годинава, најави денес техничкиот премиер Талат Џафери, откако направи увид во градежните работи заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За техничкиот премиер овој пат е многу значаен бидејќи овозможува поврзување во регионот, односно Кичево – Дебар со сите населени места во регионот, а особено значаен е за бизнисите оти ќе овозможи да се скрати времето од производство до распределба на производите до потрошувачите. Патот, како што нагласи техничкиот премиер, е значаен за поврзувањето со Албанија.

„Делницата е во должина од околу 20 километри и според проекциите би требало да чини околу 20 милиони евра. Реализацијата е предвидена до крајот на годината да се заврши и да се пушти во употреба. Во оваа фаза ги гледаме изведување на работите и колку што може да видиме. За изведба нема многу што да гледаме за око, бидејќи кога ќе биде на крајот завршен проектот ќе може да се види и ситуацијата по однос на квалитетот на извршувањето на работите но тоа е работа која треба секојдневно да ја следи надзорниот орган и гледаме дека е присутен при изведување на работите и нема сомнеж дека соодветно ќе биде изведено според проекциите. Иако оваа делница во 80-те години била дел од оние планови во бившиот систем за одбранбени цели, секако овој проект ја има сосема изменето идејата за користење на патот. Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните и тоа е во контекстот за нашето приближување и достигнување на европските вредности, во смисла на слобода на движење на роба, луѓе, капитал и се што следствено на тоа си оди“, рече техничкиот премиер Џафери.

Џафери очекува на крајот на годинава повторно да дојде и свечено да го пушти во употреба патот кој ќе овозможи блиска и побрза комуникација со Коридорот 8.



Спонзорирани линкови

Маркетинг