Мбапе откри како всушност се изговара неговото презиме

Макфакс

24/02/2024

15:03

1.876

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, откри како всушност се изговара неговото презиме.

Поголемиот дел од светската фудбалска јавност го изговара неговото презиме Мбапе или Ембапе, но тоа всушност не е точно.

Мистеријата ја разреши фудбалерот, кој откри дека ниту Ембапе ниту Мбапе не е правилно, туку дека неговото презиме се изговара „Бапе“.

„Ќе имам многу работа за да исправам се, да го коригирам целиот свет. Тоа е всушност Килијан Мбапе, без апострофот“, изјави капитенот на француската репрезентација и играч на ПСЖ.

Како што беше најавено, Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг