Бојмацалиев: Од октомври до сега на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи

Макфакс

24/02/2024

10:01

2.059

Големина на фонт

а а а

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев преку соопштение од МВР информира дека иселеници, македонски граѓани кои живеат во странство за патни исправи треба да се обратат во дипломатско-конзуларните преставништва. Тој информира дека во 2019 година преку тендер во МВР се набавени нови базни станици од кои 25 се отстапени на МНР.

Бојмацалиев информира дека од 01.10.2021 до 09.02.2024 на 47.000 наши граѓани им се издадени нови патни исправи. Тој вели дека доколку им е предалеку базната станица со патен лист можат да дојдат во матичната земја и во законскиот рок да си ги добијат своите патни исправи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг