Маск најави алтернатива за „Gmail“: „Пристигнува „Xmail"“

Точка

24/02/2024

08:14

9.648

Големина на фонт

а а а

Генералниот директор на „Tesla“ и компанијата „SpeceX“ Илон Маск, на својата социјална мрежа „X“ дека наскоро ќе лансира нов производ под име „Xmail“ како алтернатива за широко користената услуга „Gmail“.

„Доаѓа“,одговорил Маск на прашањето дали планира да ја лансира услугата „Xmail“.

Тој не открил детали за тоа кога услугата би можела да биде лансирана.

Неговите коментари дошле како одговор на објавата на статијата „Програма за безбедносен инженеринг на „X"" на Нејт Мекгреди, кој прашал: „Кога правиме „Xmail""?

Маск ја презема „X“, претходно позната како „Twitter“ во 2022-ра година и воведе бројни промени на таа социјална мрежа.

Според податоците на „Forbes“, „Gmail“ во моментов има повеќе од 1,8 милијарди активни корисници ширум светот, што сочинува околу 30 проценти на глобалниот удел на клиентите на електронска пошта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг