Македонија со пораз од Естонија ги започна квалификациите за ЕП

Макфакс

23/02/2024

21:43

7.164

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската репрезентација на Макеедонија со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. Вечерва во СРЦ Кале Македонија загуби од Естонија со 69:73 (20:19, 23:17, 10:21, 16:16).

Македонија веќе по првото коло значително си ги намали шансите за пласман на Евроспкиот шампионат. Поразот од Естонија дојде како резултат на лошата игра во третата четвртина, која Македонија ја загуби со 11 поени.

Димитријевиќ и дебитантот Хап доминираа во првото полувреме, кое Македонија го доби со 43:36.

Ако во првите две четвртини македонските кошаркари одиграа добро, во третата беа лоши. Три минути не постигнаа кош и дозволија на Естонија серија од 0:10, која како што ќе се покаже подоцна беше клучна за конечниот победник.

Неволјата да биде поголема на шест минути до крајот се пов=вредни најдобриот играч, Димитирјевиќ. Во финишот се врати на теренот и покрај тоа што куцаше на десната нога, но не успеа да го спречи поразот.

Димитријевиќ со 25 поени, два скока и три асистенции беше најефикасен, а во чекор го следеше Хал со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока. Двоцифрен ефект имаше уште само Ѓуроски (10 поени).

Кај Естонија се истакнаа Коцар и Вене со по 16 поени, два помалку постигна Куламе.

Македонија, во второто коло, в понеделник че гостува во Послка, а Естонија ќе ја пречека Литванија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг