Како да се победи острата лунарна ноќ на Месечината која трае колку 14 денови на Земјата?

Точка

23/02/2024

21:04

17.881

Големина на фонт

а а а

Експертите сметаат дека првото слетување на приватно вселенско летало на Месечината претставува чекор напред и историска пресвртница во истражувањето на Месечината, пишува „PA Media“.

Вселенското летало „Одисеј“ на компанијата „Intuitive Machines“ слетало во регионот на јужниот пол на Месечината.

Овој момент го означи враќањето на САД на Месечината по повеќе од 50 години, по мисијата со човечки екипаж „Аполо 17“.


Мисијата ќе помогне да се унапреди технологијата за спуштање за идните мисии и да се утврди како слетувањето на површината на Месечината може да ја наруши прашината на површината.

„Компанијата „Intuitive Machines“ покажа дека комерцијалниот лендер може да пружи услуги во транспорт и комуникација на купувачите кои плаќаат и кои сакаат да ги пратат своите инструменти на Месечината“, изјавила д-р Хана Сарџент од Факултетот за физика и астрономија при Универзитетот во Лестер.


Таа нагласила дека ова е многу значајно за воспоставување на вселенска економија.

„Еден голем пресврт кој сè уште треба се исполни е преживување на острата лунарна ноќ која трае колку 14 денови на Земјата. Првиот комерцијален лендер кој ќе обезбеди топлина и електрична енергија за време на лунарната ноќ ќе значи и можност за континуирана работа на Месечината“, рекла Сарџент.


Доктор Џејмс Блејк, научен соработник при Универзитетот во Ворвик, изјавил дека успешното слетување на „Одисеј“ означува пресврт за истражување на Месечината и вселената.




Спонзорирани линкови

Маркетинг