[ФОТО] Се подготвува ли нова градба среде националниот парк Маврово, овојпат покрај Радика?

Точка

23/02/2024

15:38

4.846

Големина на фонт

а а а

Се врши расчистување на вегетацијата по барање на сопственикот на земјиштето. Ова е единствената официјална информација за расчистувањето на земјиштето покрај брегот на реката Радика, под манастирот Свети Јован Бигорски на територијата на Националниот парк Маврово.

Расчистување на вегетацијата, според одговорните во НП Маврово, подразбира сечење на стебла и ниска вегетација на барање на сопственикот на земјиштето. А за која намена тоа се прави, е тоа веќе не е прашање за нив, туку за општината. Зошто тоа расчистување се прави со булдожер, беше нашето наредно прашање. Одговорот беше – ние расчистување на вегетација не вршиме со булдожер. Таква градежна машина НП Маврово не поседува.


Кој го подготвува теренот покрај Радика? Чие е земјиштето? Што новиот сопственик на земјиштето планира тука да прави? На овие прашања од Општина Маврово Ростуше немаат никаков одговор. Велат дека по пријава на мештани веќе била испратена екипа на терен и дополнително ќе се дознае кој што тоа таму прави.


Дотогаш, на ледината покрај Радика, булдожерот го подготвува теренот. А според правилата на националните паркови покрај брег на река не смее да има какви било градежни активности освен за посебна намена за која претходно и општината и Министреството за заштита на средината и управата на НП мора да бидат известени.

Ги чекаме официјалните одговори.

Извор: „mkd.mk“



Спонзорирани линкови

Маркетинг