Меѓународниот тим од научници во јужна Кина открил прв комплетен фосил од воден рептил долг пет метри од периодот тријас, кој припаѓа на видот „Dinocephalosaurus orientalis“.
Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има многу долг врат, објави „BBC“.
Фосилот припаѓа на видот „Dinocephalosaurus orientalis“, кој првобитно бил идентификуван уште во 2003-та година.
Ник Фрејзер од Националниот музеј во Шкотска, кој бил дел од меѓународниот тим кој го проучувал фосилот, за „BBC“ рекол дека тоа е прв пат научниците да видат фосил од тој вид во целост.
Maybe the idea of the Lock Ness monster isn’t so bizarre after all, if you see this fossil of a 240 million year old aquatic dragon 🐉 like reptile from southern china
— Markus-Rafael Lombard (@LombardMa35654) February 23, 2024
Fossil reveals 240 million year-old 'dragon' - BBC News https://t.co/roicKtyLt1
Фрејзер истакнал дека тоа било многу чудно животно кое имало екстремитети во вид на пераи, а дека вратот му бил подолг од остатокот од телото и опашката заедно. Фрејзер ја изнел претпоставката дека „долгиот и флексибилен врат“ на животното му давал поголеми можности во ловот, овозможувајќи му да бара храна во пукнатини под водата.
Фосилот е откриен во древни наслаги од варовник во јужна Кина. Научниот труд во кој е опишан новопронајдениот фосил е објавен во академското списание „Earth and Environmental Science“.