Златни песоци, нерамни брегови, бистри сини води - овогодинешните победнички плажи се омилени на туристите во секој поглед, од лежерни денови на плажа до подводни авантури.
„Tripadvisor“ ја објави својата листа за 25 најдобри плажи во светот кои ќе бидат хит за 2024 година.
Наградата на „Travelers’ Choice Awards“ за најдобар од најдобрите го слави највисокото ниво на извонредност во патувањето. Се доделува на оние кои добиваат голем број прегледи и мислења од заедницата на „Tripadvisor“ во период од 12 месеци. Од нешто повеќе од 8 милиони огласи на оваа популарна страница, помалку од 1% успеваат да влезат во листата на најдобри.