Прилепчанецот кој исчезна пред два дена е пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Макфакс

23/02/2024

10:27

9.500

Големина на фонт

а а а

Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат.

На Фејсбук се огласи и неговата ќерка, која го објави и апелот за пронаоѓање на прилепчанецот.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас“, напиша Ана Марија Јошеска.

Погребот ќе се изврши денес 23.02.2024 во 16:00 на новите градски гробишта- Прилеп.

Телото ќе биде изложено во капелата на новите градски гробишта од 15:00 до 16:00- Прилеп

Posted by Anna Maria Josheska on Friday, 23 February 2024

Како што додава Јошеска , погребот ќе се изврши денеска на новите градски гробишта- Прилеп.

„Телото ќе биде изложено во капелата на новите градски гробишта од 15:00 до 16:00- Прилеп“, напиша таа.

Од МВР велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

- Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг