Застарува предметот „Моќник“ во кој е обвинет Антонијо Милошоски

Макфакс

22/02/2024

16:27

991

Големина на фонт

а а а

Предметот „Моќник“ во кој е обвинет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, застарува, соопшти Кривичниот суд.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со К.бр. 2616/20 од обвинителството означен како „Моќник“, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ во завршните зборови, изврши прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог како и измени во правната квалификација на Кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со кои измени:

Прво обвинетиот М.М. сторил кривично дело Измам од чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 вв со чл. 23 од КЗ,

Второ обвинетиот М.В. сторил кривично дело чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ,

Трето обвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ,

Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење согласно чл. 107 ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ.

Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на РСМ“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг