Хутите погодија брод со проектили

Макфакс

22/02/2024

15:40

1.448

Големина на фонт

а а а

Јеменските бунтовници Хути со два проектила погодија брод што пловел во Аденскиот Залив. На бродот избувнал пожар, објавија две поморски агенции. Тоа е последен во серијата напади на исламистичките бунтовници Хути, кои значително го нарушија глобалниот поморски сообраќај.

„Бродот беше нападнат со два проектила, што резултира со пожар на бродот“, објави британската трговска поморска канцеларија додавајќи дека „коалициските сили реагираат на нападот“.

Безбедносната фирма „Амбри“ исто така објави пожар на генерален товарен брод под знамето на Палау, во британска сопственост, по двата ракетни напада југоисточно од јеменскиот Аден. Се чини дека бродот тргнал од Мапа Та Пхут, Тајланд, и се упатил кон Црвеното Море, рекоа од „Амбри“.

„На трговските бродови им се препорачува да се држат подалеку од бродот и да продолжат со претпазливост“, објавија од таму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг