Со Бујар го почнуваме најважниот референдум за да ја оствариме нашата визија за консензуален претседател, рече Ахмети

Макфакс

22/02/2024

13:59

1.257

Големина на фонт

а а а

Давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме егзистенцијалните закани за нашата земја, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во обраќањето, првиот човек на интегративците повика на поддршка од гласачите и официјално објави дека актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, ќе биде нивниот кандидат за претседател на државата.

„Вашата доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и Договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да и кажеме на Русија, оди си. (…) Со Бујар го почнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба за да го избереме претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинствл, за да ја оствариме нашата визија за консенсуален претседател“, рече Османи.

Ахмети ја нарече Русија поларна мечка која ни тропа на вратата и веќе во сите пори е во нашето општетство, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата.

„Русија е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во цивилното општетсво, во нашето стопанство, нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството, не само кај нас, туку и во нашиот регион. Рускиот претседател Путин, Министерот за надворешни Лавров, изјавија дека членството на Македонија во НАТО е пламена линија за Русија, и се построија против нашето членство во Европската Унија. Сега сме сведоци на масивното малигно мешање за да ни се оневозможи продолжување на нашиот европски пат и враќање на повеќедецениската изолација која ќе го дестабилизира нашето општество“, рече Ахмети.

Како што додаде, Македонија е мала земја и е крстопат на цивилизациите, со кревко мултикултурно и мултиетничко општество, уште цело неконсолидирано, елементи кои се од интерес за Русија за да ги искористи на начин за да постигне домино ефект во целиот регион и да го дестабилизира регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг