Соживотот се учи уште од најраната возраст: Џафери изврши увид во Детската градинка „Фидани 3“ во Општина Чаир

Макфакс

22/02/2024

13:58

942

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, изврши увид во Детската градинка „Фидани 3“ во Општина Чаир, по што даде изјава за медиумите.

„Денес сме во Општина Чаир и во надгледување на работите во изградбата на градинката „Фидани 3“, што под претпоставка има две сестрински објекти што се завршени претходно и биле во функција претходно, но не биле доволни како простории. Секако, објектот е во фаза на изградба. Според информациите на изведувачите, работата до крајот на април би требало да е затворена со изградбата, со сета опрема и од крајот на април, може да се стави во функција да ги вдоми децата тука“. рече Џафери.

Како што додаде, објектот е современ, габарит меѓу најголемите, арматура која се предвидува за 300 деца да има можност да се сместат за сите возрасти.

„Тоа е она што треба да го правиме и го правиме во континуитет во однос на потребите и на Општината Чаир и пошироко од Општината, за да може да ги задоволуваат потребите и на родителите и на децата и на персоналот кој ќе биде ангажиран во работата и функционирањето на овој објект“, заврши Џафери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг