[ВИДЕО] Дали навистина сме „затворени како во конзерва“? - Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во инспекција: Со стари дипломатски пасоши се поминува граница, со регуларните не

Точка

22/02/2024

13:39

2.436

Големина на фонт

а а а

Дипломатски пасош со старото име „Република Македонија“ важи, но обичниот односно пасошот кој го имаат граѓаните не важи.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков, објавија видео како со автомобил се обидуваат да ја преминат македонско-бугарската границата, на граничниот премин „Делчево“, со пасоши на коишто пишува „Република Македонија“ наместо „Република Северна Македонија“.

Со обичната патна исправа стигнале само до граничниот премин „Делчево“ бидејќи бугарската гранична служба не им дозволила да влезат со старите пасоши, па како привилегирани, се послужиле со дипломатските.

Пратениците ги приложиле дипломатските пасоши, исто така со старото уставно име на државата, а граничарите им ја кренале рампата со објаснување дека досега не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.

Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи.