Бил жртва на татковото злоставување, а тоа што му дофрлале луѓето на улица го уништило: Актерот се предал на пороците и живеел бедно

Точка

22/02/2024

13:30

4.770

Големина на фонт

а а а

Актерот Меколи Калкин за многумина е најпознат по улогата на Кевин во легендарниот филм „Сам дома“, поради која преку ноќ стана детска ѕвезда.

Иако неодамна доби ѕвезда на холивудската Патека на славните, Меколи зад себе има тешка животна приказна.

43-годишниот актер пораснал во Њујорк со родителите и шесте браќа и сестри. Живееле во мал стан и спиеле во една иста соба заедно. Неговиот татко, Кит Калкин, бил алкохоличар којшто го злоставувал семејството.


После успехот на Меколи, тој му ја зел заработката на детето и го терал актерот да глуми, иако тој не го сакал тоа.

Тој долго време манипулирал со својот син, а потоа Меколи на 14 години најавил повлекување од светот на актерството. Набрзо после тоа, Кит Калкин починал, а кариерата на Меколи тргнала наопаку, па тука започнале проблемите со опијатите.


Популарноста нагло му опаднала на актерот, а продуцентите не знаеле што да прават со него.

Многумина го запирале на улица и му зборувале дека не е толку сладок како во филмот. Иако имал пари, детството му го ускратило школувањето, па тој едноставно сакал да продолжи со истото темпо. За жал, наркотиците набрзо потоа го зеле под нивна контрола


Тој знаел дека троши по шест илјади долари месечно на кокаин, а дури и бил уапсен поради поседување марихуана и осуден на една година условна казна.


После тоа тој се извлекол од пеколот од дрогата и изјавил дека „никогаш не би станал она што е да не се дрогирал“.

Актерот од 2017 година е во врска со Бренда Сонг исто така актерка која ја постигнала славата уште како дете. Парот има две деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг