[ФОТО] Расел Кроу за првпат по пет години без брада и буквално изгледа 20 години помлад: Во еден момент тежел 180 килограми, но актерот одлучил повторно да биде оној стариот

Точка

22/02/2024

11:23

15.536

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Расел Кроу ги воодушевил обожавателите со мала, но неверојатна промена на имиџот.

Имено, по пет години одлучил да ја избричи брадата, а тоа практично го препородило! Својата голобрада фотографија Расел ја споделил со публиката на социјалната мрежа „X“, а реакциите се феноменални!

Познатиот 59-годишник на новата фотографија едноставно напишал: „Прво бричење од 2019 година“, а мораме да признаеме дека навистина изгледа освежено и многу помладо.


Расел Кроу истакнал дека брадата ја избричил за потребите на нова улога во филм, а интересно е што последен пат јавноста имала можност да го види целосно голобрад во 2012 година кога работел на промоцијата на „Les Miserables“.


Актерот во моментов работи на два нови филмови: акционото ММА остварување „The Beast In Me“ и историската драма „Nuremberg“, каде што го толкува ликот на нацистот Херман Геринг.


Инаку, Расел по разводот со сопругата Даниела Спенсер во 2018 година, драстично се здебелил, па во еден момент имал дури 180 килограми! Но, тој успеал да симне дел од килограмите, а сега со новата фризура и без брада изгледа навистина добро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг