Kилијан Марфи откри зошто не сака мобилни телефони: Во мојата куќа нема интернет

Точка

22/02/2024

09:53

4.182

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на филмот Опенхајмер, ирскиот актер Килијан Марфи го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, а претходно призна дека „ја мрази славата и богатството“ и дека сонува за ден кога тие два аспекта од неговиот живот ќе бидат целосно одвоени, пишува „The Mirror“.

47-годишниот актер е во брак со Ивон Мекгинис скоро 20 години и имаат две деца, 18-годишниот син Малахи и 17-годишниот Аран, со кои живеат во областа Монкстаун во јужен Даблин, во дом вреден 1,5 милиони фунти.


Без интернет

Станува збор за стара куќа која се состои од шест двокреветни спални соби и дневна соба со камин. Меѓутоа, во куќата нема WiFi, а актерот еднаш објаснил зошто решил да им го ускрати интернетот на своите деца и зошто не сака мобилни телефони.


"Јас сум татко на двајца тинејџери, а и јас бев млад. Разбирам колку е тешко за еден млад човек во денешното општество. Многу е сложено ова време за растење, работите се менуваат многу брзо. Сите сме свесни за ефектот на интернетот и животот онлајн. Ми се чини дека децата живеат во овие уреди, а не во реалниот свет“, изјавил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг