[ВИДЕО] Ова е Тонг Тонг! Научниците го создадоа првото „вештачко дете“: Разликува добро и зло, учи и покажува емоции

Точка

21/02/2024

20:18

10.532

Големина на фонт

а а а

Тонг Тонг може сама да учи, да си доделува задачи, да толкува човечки намери и да покажува емоции како радост, бес и тага.

Девојчето Тонг Тонг е претставено на изложбата „Frontiers of General Artificial Intelligence“ во Пекинг кон крајот на јануари. Станува збор за виртуелен „AI“ ентитет со способности слични на оние кои ги има дете од три до четири години, објавува „South China Morning Post“.

Тонг Тонг може сама да учи, да си доделува задачи, да толкува човечки намери и да покажува емоции како радост, бес и тага.

„Тонг Тонг поседува ум и настојува да ги разбере луѓето. Таа разликува добро од зло, ги изразува своите ставови во разни ситуации и има моќ да ја обликува иднината“, се наведува во видеото кое ја претставува на јавноста.

Тонг Тонг ја разви Пекиншкиот институт за општа вештачка интелигенција (BIGAI) на чело со реномираниот компјутерски научник, математичар и когнитивен „AI“ научник Џу Сончун.

Посетителите на изложбата наводно гледале како мести рамка за слика, чисти истурено млеко и врши други задачи, пренесува „Index.hr“.


„Тонг Тонг има за цел да обезбеди дека вештачката интелигенција може незабележано да се интегрира во човечко окружение. Овој иновативен пристап означува нова насока во тестирањето на вештачката интелигенција, нагласувајќи ги практичните можности и вредности за развој на вештачката интелигенција“, објасниле научниците.

Се очекува Тонг Тонг во иднина да коегзистира со луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг