[ВИДЕО] Дакота Џонсон за снимањето на серијата „The Office“: „Тоа беше најлошото искуство во мојот живот“

Точка

21/02/2024

19:17

3.684

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Џонсон, ѕвездата на трилогијата „50 Shades of Grey“, во својата кариера се појави во повеќе од 30 филмови и серии, но не секое искуство на сетот ѝ оставило убави спомени.

Во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Late Night With Seth Meyers“, Џонсон признала дека е особено разочарана од нејзиното искуство на снимањето на популарната хумористична серија „The Office“, во која таа се појави во последната епизода.

„Искрено, тоа беше најлошото искуство во мојот живот“, рече Џонсон.

Во 2013 година, актерката во серијата ја отелотвори Дакота, млада сметководителка која беше ангажирана од Двајт Шрут (Рејн Вилсон) откако Кевин Мелоун (Брајан Баумгартнер) доби отказ.

Според списанието „Esquire“, Дакота требало да го води спин-офот на „The Office“, но тој проект не успеал да заживее.

„Навистина ја сакав „The Office“. Кога ме прашаа дали сакам да глумам во последната епизода од серијата, реков - секако, затоа што мислев дека снимањето ќе трае половина ден. Бев таму две недели, а едвај се појавувам во серијата“, изјавила актерката.


Во интервју за „Vanity Fair“, Џонсон подоцна изјави дека не успеала да се вклопи во актерската екипа и дека се чувствувала како да дошла на роденденска забава на која не била поканета.

„Имаше чудна динамика на снимањето која се развивала 10 години“, продолжила актерката. „Некои луѓе не ни комуницираа меѓу себе, а јас дојдов на сетот возбудена и никој не сакаше да разговара со мене. Никому не му беше гајле“.


Но, и покрај лошото искуство таа не се откажала од глумата, а неколку години подоцна ја стекна светската слава со главната улога во филмот „50 Shades of Grey“.

Инаку, „The Office“ е една од најдобрите хумористични серии на сите времиња, а на IMDb има оцена 9,0.



Спонзорирани линкови

Маркетинг