Никој повеќе не му верува: Принцот Хари се понудил да се врати во кралското семејство – го одбиле без размислување

Точка

21/02/2024

18:00

4.933

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари му понудил на својот татко Чарлс привремено да се врати на кралските должности, пишуваат британските медиуми.

Тој од неговиот татко и тимот за кралски протокол добил брз одговор и, накратко, нема теоретски шанси да го примат назад. Наводно, Хари му понудил привремено да му помогне на својот татко во кралските должности, додека тој се лекува од рак, но такво нешто било неприфатливо за кралот.


Се вели дека дури ни принцот Вилијам не го одобрува враќањето на неговиот брат во семејството од многу едноставна причина - никој повеќе не му верува на Хари. Но, Чарлс, се наведува, е целосно подготвен да ги подобри односите со својот син.

За потсетување, принцот Хари ги напушти кралските должности во 2020 година. Оттогаш, тој во неколку наврати го обвини кралското семејство за расизам, негрижа, соработка со таблоидите против него, па дури и ускратување на помош на неговата наводно суицидална сопруга Меган Маркл.


Хари неодамна даде интервју за емисијата „Good Morning Britain“ каде за првпат јавно проговори за својот татко Чарлс откако беше откриено дека кралот има рак. Тој меѓу другото рече дека е благодарен што поминал време со својот татко откако беше објавено дека боледува од рак и навести дека болеста на неговиот татко ќе има ново влијание врз кралското семејство, пренесува „Daily Mail“.

Принцот Хари се надева дека болеста на неговиот татко ќе го излекува неговиот раздор со семејството во Британија.