[ВИДЕО] Бијонсе боледува од неизлечива болест: Во пресрет на новиот албум открила дека од детството страда од овој голем проблем

Точка

21/02/2024

16:56

3.299

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Бијонсе ја воодушеви публиката со најавата за нејзиниот нов албум на „Super Bowl“, по што проговорила за приватниот живот и болеста од која боледува уште како дете.

Зборувајќи за нејзината коса за време на едно интервју, таа открила дека од мала се бори со псоријазата. Бидејќи јавноста до сега не била информирана за тоа, Бијонсе повторно се најде во тотален фокус.

„… Детството го поминав во салонот на мојата мајка. Таму татко ми мѝ нанесуваше масла на скалпот, како би ми ја третирал псоријазата. И денес добро се сеќавам на сето тоа“, објаснила таа за „Essence“, посочувајќи за првпат дека се соочува со оваа автоимуна болест на кожата која е прилично непредвидлива; со текот на времето се повлекува, се враќа, но никогаш целосно не се лекува.


„Разговорите кои се водат во фризерските салони или берберници им даваат чувство на заедништво на оние кои одат таму, за барем кратко да побегнат од нивното секојдневие. За нив тоа е место каде што се смеат, споделуваат тајни едни со други, се чувствуваат убаво, споделуваат мудрост … Важно е да се има такво нешто“, продолжила Бијонсе, која од неодамна и самата објавила линија на производи за нега на коса.


Нешто подоцна таа објаснила дека и покрај одредени пишувања „се откажала“ од долгата коса кога за првпат станала мајка. За неа и како уметница, тоа било начин да се побуни против општеството кое „верува дека жената не треба да носи кратки фризури“ и да се ослободи од „сите стеги“.