Порака за Баерн и Ливерпул: „Сигурен сум дека останува кај нас“

Точка

21/02/2024

15:03

1.895

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо е на добар пат да го одведе Баер Леверкузен до титулата во Бундеслигата оваа сезона.

Моментално е најбаран тренер на пазарот, а пред сè е на мета на Ливерпул и Баерн, кои на крајот од годината ќе се разделат со Јурген Клоп и Томас Тухел.


Меѓутоа, спортскиот директор на Леверкузен Симон Рофлес тврди дека од заминувањето на Алонсо нема ништо.


Шпанецот е под договор до лето 2026-та година, а оваа сезона е во лов на три големи трофеи. Може да го освои германското првенство, купот и Лига Европа.


„Сигурен сум дека Чаби останува. Врзан е со договор и се чувствува пријатно кај нас. Има многу добра екипа со перспектива за следната сезона. Секој сега има своја улога во клубот и квалитет да одигра на врвно ниво. Не зависи од еден систем, туку тој се приспособува на играчите кои се достапни“, рекол Ролфес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг