ФЗО „крена раце“ од лекувањето на младиот Леонид Индов со оправдување дека „одел на рехабилитација“ – народот сѐ уште собира донации

Точка

21/02/2024

11:30

2.208

Големина на фонт

а а а

Јавноста се мобилизираше за да му помогне на младиот Леонид Индов со собирање донации, откако неговиот случај привлече големо внимание и беа упатени апели за хуманост на социјалните мрежи.

Здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, била причината поради која ФЗО го одбила барањето на Леонид Индов како неосновано, велат од Фондот.

Од ФЗО исто така велат дека решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица, Фондот ги носи согласно законските прописи и правилници.


Ова е одговорот на ФЗО:

Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот.

Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи“, се наведува во соопштението од Фондот.


По веста дека Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не одобри пари за лекувањето на младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција, Калитеа и остана врзан за кревет, социјалните мрежи се разгореа со повици за хуманост. Донации за Лео се собираат од сите страни, со цел на ова момче на кое државата му сврте грб, да му се овозможи да стане од кревет и да може да се врати во училишните клупи. За момчето се потребни 140.000 евра за лекувањето.

Телефонски броеви за донација се на Т-МОБИЛЕ 143-118 и на А1 143 500.