Што ако ви кажеме дека постои теренски автомобил направен по нарачка, кој има 1.100 коњски сили и две седишта?
Прво би не прашале колку чини, и тука одговорот би бил: многу! Американската компанија „Scarbo Vintage“ го направила првиот хиперкамион, а цената му е вртоглави 1,5 милиони долари.
„SV Rover“ има V8 бензински мотор со компресор и 1.100 коњски сили, или електрична батерија од 1.000 коњски сили.
Возачите можат да бираат дали им одговара преносот на силата на две или четири тркала, а можат и да ја менуваат висината, за возачот и совозачот да бидат комфорни.
Каросеријата е мешавина од карбонски влакна и алуминиум, а стои на гуми од 40 инчи (тркалата се 20 инчи), со карбонско-керамички кочници.
Внатре во кабината украсена со алкантара се наоѓаат две спортски седишта и 12,3-инчен дигитален екран инфо-забавен дисплеј.
Возилото е инспирирано од американските големи автомобили и класичните британски теренски возила како што е „Land Rover Defender“.