Кер допатува од Америка за да го испрати Милојевиќ во вечното почивалиште

Дерби

12/02/2024

15:54

5.653

Големина на фонт

а а а

Дејан Милојевиќ почина како последица на срцев удар во Солт Лејк Сити на 17-ти јануари, а речиси еден месец подоцна, неговите најблиски во друштво на најголемиот српски крем за последен пат се простуваат со легендарниот тренер.

Милојевиќ денеска беше закопан на бежанските гробишта во Белград и многу познати имиња му искажаа почит на Деки, меѓу кои и тренерот на Голден Стеј, Стив Кер.

Предвдоникот на „воините“ ја воодушеви српската јавност со своето појавување на погребот, бидејќи Стив допатувал од Америка за да го испрати својот помошник во своето вечно почивалиште.

Покрај Кер, присутни на погребот биле и Жељко Обрадовиќ, Заза Пачулија, Дејан Томашевиќ, Предраг Даниловиќ, Жељко Ребрача и многу други познати кошаркарски имиња, како и добар дел од играчите на Црвена Звезда и Партизан.

Големото присуство на познати ѕвезди најдобро опишува колку Милојевиќ беше сакан во кругот на кошарката, па српската јавност сигурно уште долго ќе се сеќава на човекот кој створи фантастични играчи во изминатата деценија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг