Ашер вчера направи вистинско шоу на полувремето на Супербоул, а во еден момент на сцената му се придружи и Алиша Кис.
Ашер и Алиша заедно ги запеаја хитовите „If I Ain't Got You“ и „My Boo“, а во еден момент пејачот ѝ пришол на колешката и ѝ ги ставил рацете околу половината.
Кис се насмеала, но не ги возвратила допирите, а потегот на пејачот им засметал на многумина.
„Тоа е нечија сопруга, човеку“, „Дали ова го гледа нејзиниот сопруг“,, „Вака да прегрнуваш нечија сопруга е едноставно лудо“, гласат коментарите на „Х“, а набрзо започнаа и шеги со можната реакција на сопругот на Алиша, раперот Свиз Битс, додека го гледал шоуто.