[ФОТО] Една од најубавите жени во Холивуд вчера се појавила во највулгарно издание досега: „Изгледа како стриптизерка од Лас Вегас“

Точка

12/02/2024

14:45

7.614

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс не се појавува толку често во јавноста, но секојпат кога ќе го направи тоа привлекува огромно внимание.

Актерката деновиве, како и поголем дел од холивудската елита, престојува во Лас Вегас каде синоќа беше одржан „Супербоул“, а таа се појавила на неколку забави кои биле одржани после самиот спектакл.

Имено, убавата 37-годишна жена на социјалната мрежа Инстаграм споделила низа сексапилни фотографии од хотел кои едноставно ги опишала со еден збор „мама“.

Меган Фокс на овие фотографии позирала во дводелен комплет во сива боја, а истиот бил навистина провокативен.

Провокативниот сет бил составен од гаќички со црна чипка и корсет со врвки кој го истакнал бујното деколте на холивудската ѕвезда.

Меган изданието го заокружила со црни каубојки со црвени детали и предимензионирана кожна јакна.


Таа се определила да носи впечатлива шминка и модерна фризура со која се вклучила во т.н. тренд „мокра“ коса.

Фотографиите добиле над милион допаѓања и бројни реакции на Инстаграм. Додека едни биле воодушевени, други биле згрозени од нејзиниот стил на облекување којшто Меган го форсира веќе неколку години наназад.


„Некогаш најубавата жена на Холивуд сега изгледа како стриптизерка од Вегас“, „Колку што кариерата ѝ е помала, толку голотијата е поголема“, „Зошто самата себеси си се деградира“, „Многу убава жена која погрешно инсистира на вештачки сексапил – тоа не ја прави посакувана“, „Ваквите фотографии се очајни за внимание, не прикажуваат самоуверена жена“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг