Астон Мартин денеска го претстави својот нов болид за 2024-та година и најави дека ќе продолжи со развојот кој почна пред една сезона, а Фернандо Алонсо очекувано беше главна ѕвезда на промоцијата.
Прославениот шпански првак вози на највисоко ниво и во петтата деценија од својот живот, но дури и на 42-годишна возраст е расположен за шеги како што беше пред две децении.
Алонсо не пропушти шанса да го искоментира најавениот трансфер на Луис Хамилтон во Ферари, пришто испрати и провокативен „поздрав“ до својот поранешен колега од Мекларен.
– Разбрав за трансферот на Хамилтон еден ден по објавената вест. Не обрнав големо внимание на драмата, особено поради тоа што трансферот ќе се случи дури слдната сезона.
– Нема да лажам, изненаден сум од тој потег. Изгледаше дека тој е многу приврзан за Мерцедес, изгледаше пресреќен со нив. Не верувам дека пред една година и два месеци ќе кажеше дека сонува да вози во црвениот болид…, – во свој стил порача Алонсо.