Видеото на „Мовистар“ открива: Нервозниот Чави удрил бокс во клупата по голот на Гранада

Дерби

12/02/2024

13:11

1.068

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес мораше да гледа како неговиот тим одново не победува на натпревар на кој прв поведе, со тоа што мора да се напомене дека Барселона на крајот се спасуваше од пораз од Гранада.

Натпреварот заврши 3:3 и Барса по вторпат оваа сезона не славеше над тимот кој е „давеник“ во шпанското фудбалско првенство, а сето тоа придонело и низа нервозни реакции од Чави.

Уште при телевизискиот пренос беа прикажани неколку бесни реакции на тренерот на Барселона, но „Мовистар“ сега одблиску покажа како реагирал Ернандес по првиот примен гол.

Чави изреагирал со низа пцовки на голот за 1:1 и удрил бокс во своето столче, а фрустрацијата не ја криеше и по крајот на натпреварот.

– Честитки за Гранада и тренерот за добро поставената игра. Ние не ги користевме нашите шанси да поведеме со 2:0, ако го направевме тоа, ќе гледавме друг меч. Потоа направивме низа грешки кои не смееме да си ги дозволиме. Подаруваме голови во одбрана и тоа ни се повторува на многу натпревари. Поради таквите пропусти имаме големи проблеми од стартот на сезоната, – вели Чави.