[ВИДЕО] Луѓе во Сан Франциско запалија роботакси

Точка

12/02/2024

13:01

4.884

Големина на фонт

а а а

Возило на сервисот за автономно возење „Waymo“ беше жртва на вандализам во Сан Франциско. Според извештаите и видео-снимките објавени на интернет, неколку луѓе го скршиле стаклото на роботаксито без возач и потоа го запалиле. Инцидентот се случи во текот на прославата на кинеската Нова година, кога возилото на „Waymo“ без патници било сопрено во Кинеската населба каде улицата ја блокирале луѓе.

Во Сан Франциско, каде „Waymo“ и компанијата „General Motors Cruise“ управуваат со самовозечките автомобили како дел од пилот-програмата, постојат контроверзни мислења за технологијата. Властите и некои критичари се жалат дека автономните возила често го попречуваат одвивањето на сообраќајот.

Потсетуваме, минатиот октомври конвенционално возило удрило во пешак и го отфрлило под автономно такси. И покрај автоматското кочење на роботаксито, жената заглавила под возилото и била влечена неколку метри додека возилото се обидувало да застане покрај работ на патот. Овој инцидент дополнително поттикнал расправа за безбедноста на автономните возила.

Програмерите на самовозечките автомобили возвраќаат дека нивните возила се побезбедни на патот од оние кои ги возат луѓе. И покрај инцидентите и јавната расправа, „Waymo“ и другите компании продолжуваат со тестирање на постапно ја воведуваат оваа технологија. „General Motors“ го сменил водството на проектот „Cruise“ по несреќата во октомври и работи на внимателно враќање на своите возила во сообраќајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг