Махомс почнува да гради своја династија, Канзас Сити ја одбрани титулата на Супербоул спектаклот во Лас Вегас

Макфакс

12/02/2024

12:55

3.850

Големина на фонт

а а а

Супербоул изданието во Лас Вегас донесе вистински спектакл за големите фанови на американскиот фудбал, бидејќи Канзас Сити и Сан Франциско играа продолжение, а победникот беше решен на три секунди пред крајот.

„Шефовите“ од Канзас успеаја да ја одбранат титулата во НФЛ лигата и станаа првиот тим по Њу Ингланд Патриотс кој двапати во низа слави на Супербоул, нешто до кое стигна со голем пресврт во големото финале.

Сан Франциско го отвори натпреварот со „филд-гол“ од 55 јарди и првите поени ги видовме дури во вториот период, за потоа истиот тим да испорача и тач-даун со кој поведе со 10:0.

Пред крајот на полувремето, Канзас Сити се врати во игра со филд-гол и успеа да намали, па иако отвори со грешка на стартот на третиот период и ја подари топката на ривалот, сепак со нов „филд гол“ од 57 јарди дојде до 10:6.

Во таа фаза од Супербоулот доминираа одбраните и се играше многу цврсто на двете страни, но со првиот тач-даун на мечот од страна на „шефовите“, Канзас направи пресврт и поведе со 13:10 на две минути пред крајот на третиот период.

Последната делница донесе големи возбудувања и Сан Франциско направи нов пресврт за 19:16, но Махомс ја презема одговорноста и искреира нов „филд-гол“ за 19:19 и продолжение во финалето.

„Форти-најнерси“ отворија со први поени во продолжението, но Махомс осмисли тач-даун за Канзас на три секунди пред крајот и на тој начин „шефовите“ ја одбранија титулата во НФЛ лигата (25:22).

Сосема очекувано, Патрик Махомс беше избран за МВП на Супербоулот, признание кое го добива по трет пат во својата кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг