Холивудскиот режисер Џонатан Чу бил принуден да користи „Apple Vision Pro“ за монтажа за филм, а ова го потресло.
Еден холивудски режисер открил уште еден начин за употреба на „Apple Vision Pro“, откако бил заглавен дома и не можел да дојде до пакет за монтажа за да работи на својот најнов филм.
Режисерот Џонатан Ву, најпознат по својата работа на филмот „Crazy Rich Asians“, работел напорно обидувајќи се да монтира филмска адаптација на мјузиклот „Wicked“, кога Лос Анџелес бил погоден од големи поплави. Бидејќи патиштата кои воделе до монтажното студио биле блокирани, Чу останал дома. Бидејќи неодамна купил „Apple Vision Pro“, одлучил да се обиде да го искористи за виртуелно да го да го употреби пакетот за уредување и монтажа.
Чу го користел „Vision Pro“ за да работи „од далеку“ со својот соработник Мајрон Керстајн. Монтажата е интензивен и витален процес, а режисерите често блиску соработуваат со монтажери за да обезбедат дека нивната визија за филмот ќе биде правилно пренесена на екранот. Со користење на „EvercastUS“, Чу бил во можност да соработува со Керстајн и да ги прегледа промените направени во филмот на виртуелен екран кој бил со иста големина како и вистински екран во кино.
Режисерот на социјалните мрежи напишал колку е импресиониран од „Vision Pro“ уредот, велејќи: „Ова морам да го повторам на глас. Во него минав часови монтирајќи на огромен виртуелен екран и сето тоа од комфорот на мојот дом. Без главоболки. Не можам да ви објаснам какво е ова откритие. Ова е врвна технологија. Јас сè уште сум потресен“.
„Apple Vision Pro“ сè уште е во почетниот животен циклус, така што необичните случаи на негова употреба би можеле да станат уште поочигледни додека се развива.