Вонредно инфо: Утре голем дел од Скопје со намален притисок на водата

Точка

10/02/2024

14:02

5.056

Големина на фонт

а а а

Речиси цело Скопје утре со вода со намален притисок.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, недела, од 17:00 часот, поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.



Спонзорирани линкови

Маркетинг