Владата на САД санкционираше припадници на групата поврзана со Русија поради наводните „дестабилизациони операции“ во Молдавија

BalkanInsight

10/02/2024

07:54

1.616

Големина на фонт

а а а

Вовлечена во целосна војна со Украина, Русија не се откажува од Молдавија. Медиумските истраги сведочат за постојаните обиди на Кремљ да го задржат своето присуство во Молдавија со помош на групи кои имаат влијание.

Луѓето на Путин создаваат моќни структури за манипулирање со молдавската влада и граѓани, а нивните врски се организации и поедици санкционирани од страна на САД, кои укажуваат обиди за длабоко инволвирање на Руската Федерација во внатрешните работи на Молдавија, пишува "BalkanInsight".

Неодамна, меѓународните и молдавските медиуми објавија за активностите на оваа група, откривајќи ги нејзините врски со поединци вклучени во списокот на санкции на САД и ЕУ. Според нив, Константин Прокопјевич Сапожников, Јуриј Јуриевич Маколов, Глеб Максимович Хлопонин, Светлана Андреевна Бојко, Алексеј Вјачеславович Лосев, Василиј Викторович Громовиков и Ана Травникова биле вклучени во различни акции насочени кон поткопување на владата на Молдавија. Истите лица учествувале и во изборната кампања на Игор Додон во 2020 година.

Светлана Андреевна Бојко е висок припадник на горенаведената група на штетно влијание. Таа била одговорна и за буџетската страна на кампањата, чија цел била дестабилизација на власта во Молдавија. Покрај тоа, Бојко одиграла клучна улога во промовирањето на проруските идеи преку други проекти низ светот. Бојко била поврзана со проектот "Материјални Докази" и "Здружение на новинари за мир" (Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden - AJKF), во моментов непостоечко новинарско здружение. Бојко имала пошироки овластувања од оние кои се својствени за помошникот кустос, како што било објавено во написите на некои публикации. Во своето резиме, Бојко посочила дека водела проекти и во "Материјални Докази" и во AJKF. Бојко учествувала во сите настани поврзани со ова здружение, кое во тоа време промовирало про-Кремљска агенда.


Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden (AJKF) - Новинарска асоцијација за мир, порано им нудела грантови на новинарите за промовирање на проруски наративи, дури и ако самите автори не биле експлицитно проруски настроени. Методологијата на АЈКФ била да обезбеди грантови за новинарите, особено за оние кои се симпатизери на екстремната десница и антизападните. Овие новинари би се пријавиле со своите биографии, искуство, новинарски контакти и проценети трошоци за документирање, планирање и пишување написи. АЈКФ наводно избирала апликанти кои ги подржувале наративите на руската влада и ги финансирала нивните новинарски проекти. АЈКФ има организирано повеќе конференции во евроспки метрополи како Париз, Брисел, Виена и Берлин. Според расположливите информации на годишната конференција во 2016 година на АЈКФ во Париз - Франција, присуствувале и новинари од регионот на Западен Балкан каде од РСМ се споменува Миленко Неделковски кој говорел за ситуацијата со мигрантите. За овој настан тој има објавено статија со наслов "Миленко во Париз" на својот портал Дудинка.