Едноставен колач којшто лесно се прави, а е толку вкусен што никој не може да му одолее.
Состојки:
- 6 јајца;
- 6 лажици шеќер;
- 6 лажици брашно;
- 3 лажици масло;
Фил:
- 1 литар млеко;
- 10 лажици шеќер;
- 2 пудинзи од ванила;
- 150 грама путер;
- 200 грама мелена плазма;
- 3-4 банани.
За декорација:
- шлаг или рендано чоколадо.
Подготовка:
Изматете ги белките, па додадете го шеќерот. Кога ќе ги изматите, додадете ги жолчките, па потоа брашното и прашокот за печиво, а потоа и малку масло.
Додека кората се пече, направете го филот.
Во литар млеко сварете ги двата пудинзи од ванила, па во смесата додадете ја мелената плазма и маргаринот.
Над кората ставете го филот, па на средина бананите и замотајте ролат. Остатокот од филот ставете го над ролатот, а може да додадете и шлаг или рендано чоколадо.
На здравје!








