[ВИДЕО] Рецепт за грчка пита од готови кори: Нема посочна и повкусна, а се прави многу едноставно и брзо

Точка

01/02/2024

21:00

20.924

Големина на фонт

а а а

Овојпат ќе ви пренесеме рецепт за грчка пита којшто се подготвува многу едноставно и брзо.

Состојки:

- 450 грама кори;
- 2 јајца;
- 200 грама јогурт;
- 80 милилитри маслиново масло;
- прстофат шеќер;
- 1 лажичка сол;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 1 лажица брашно;
- 100 милилитри вода;
- сусам.

За полнење:

- 350 грама шунка;
- 200 грама тврдо сирење.

Подготовка:

Сирењето и шунката изрендајте ги, а корите исечете ги на ленти. Во сад помешајте ги јајцата, јогуртот, млекото, маслото, шеќерот, солта, водата, прашокот за печиво и брашното. Добро соединете.

Смесата треба да биде како за палачинки. Намачкајте огноотпорен сад со масло, па распоредете ги исечканите кори.

Ставете од смесата со јајца над нив, па распоредете го сирењето и шунката, а потоа ставете уште еден ред сечкани кори, па прелијте со смесата од јајца, додадете од шунката и сирењето, па уште еден ред сечкани кори.

Малку притиснете со рацете, па прелијте ја питата со смеса од јајца, па додадете сусам.

Печете на загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг