Претходно пишувавме дека човекот кој ја демне пејачката веќе три пати бил апсен пред станот на Тејлор Свифт во Њујорк, а сега таа има уште еден проблем. Таа наводно е бесна поради фотографиите направени од вештачката интелигенција кои кружат на социјалните мрежи. Пејачката размислува дали да преземе правни мерки за сликите кои станаа вирални откако се појавија на порнографски страници.
„Се одлучува дали ќе се преземат правни мерки или не, но едно е јасно: Овие лажни слики генерирани со вештачка интелигенција се навредливи и експлоататорски и се направени без согласност или знаење на Тејлор“, изјави извор за "Daily Mail".
„Твитер профилот што ги објави повеќе не постои. Шокантно е што платформата на социјалните мрежи дозволила тие воопшто да бидат објавени“, додал изворот. Објавите, познати како „deepfakes“, ја прикажуваа пејачката во различни провокативни пози на натпреварот Канзас Сити Чифс, за кој игра нејзиното момче Тревис Келче.

Изворите велат дека нејзиното семејство и пријателите се исто така „бесни“.
„Треба да се донесат закони за да се спречи ова“, продолжи изворот.
Иако Свифт јавно не го коментираше скандалот, нејзината легија лојални обожаватели брзо го преплавија "X", порано познат како Твитер, со позитивни објави за неа во обид да се бори против ширењето на несоодветни слики.

„Луѓето кои споделуваат слики со вештачка интелигенција се болни и одвратни. Заштитете ја Тејлор Свифт по секоја цена“, напиша еден фан на "X".
„Користењето на нечија генеричка порнографија е ужасно и непростливо. Вие момци треба да бидете затворени“, им рекол некој на креаторите на фотографиите, а некои го насочиле својот гнев кон оние кои почнале да ги споделуваат фотографиите од страницата за возрасни на социјалните мрежи.





