Дали е ова новото нормално? 30 степени измерени во јануари во оваа европска држава

Точка

26/01/2024

21:43

5.622

Големина на фонт

а а а

Летните температури насред зима во Шпанија ги намамиле луѓето на плажите и кафулињата на отворено. Измерени се неверојатни температури.

Но дури и оние кои уживаат во необично топлото време изразиле загриженост поради климатските промени и закани од преголемото загревање. Метеоролошката служба очекува дека температурите ќе достигнат 28 до 30 степени Целзиусови во медитеранскиот регион Мурсија и 26 во поголемиот дел на Андалузија во јужна Шпанија.

Температурите достигнале или надминале 20 степени на речиси 400 метеоролошки станици, што е речиси половина од вкупниот број во земјата, напишал портпаролот на националната метеоролошка агенција „Aemet“ Рубен дел Кампо на платформата „X“, и ваквото време во јануари го нарекол аномалија.


Научниците ги поврзале високите температури и сувите услови со климатските промени.

Минатата година беше втората најтопла забележана во Шпанија со постојани топлотни бранови кои предизвикувале суши и пожари.

Во соседна Португалија, воздухот најмногу се загреал во централниот округ Леирија, достигнувајќи 23 степени, а метеоролошката агенција „IPMA“ најавила и раст на температурите до 24 степени. На северот температурите биле за 8 до 9 степени повисоки од нормалните нивоа.